Categories
Сцена & Муабети

Поп пејачката Мадона со многу барања за концертот во Будва

Светската поп ѕвезда Мадона на месец и половина пред концертот кој треба да се одржи на плажата Јаз во Будва побарала многу работи кои и биле неопходни за престојот во Црна Гора.

Светската поп ѕвезда Мадона на месец и половина пред концертот кој треба да се одржи на плажата Јаз во Будва побарала многу работи кои и биле неопходни за престојот во Црна Гора.

Две простории во бекстејџот, една за неа, а другата за нејзините деца, голем тоалет, присуство на најдобрите доктори, боци со кислород и маска за дишење се само дел од барањата на Мадона.Во бекстејџот пејачката забранила пушење и побарала да има 150 мали и 300 големи крпи, како и 300 сапуни.

Ѕидовите во бекстејџот да не бидат во флуросцентна боја, а клима уредите се строго забранети. Нејзиниот тим веќе наредил каква боја треба да бидат и корпите за отпад.
За неа и нејзиниот тим ќе бидат направени 25 комплетно нови канцеларии.

Организаторите треба да набават и шест возила за голф со кои таа и тимот ќе бидат пренесени од бекстејџот до концертниот простор во кој побарала да има мејк ап просторија за десет луѓе одеднаш. Во сите простории цигарите се забранети.

Околу храната ќе биде задолжен нејзин приватен готвач кој во Црна Гора ќе допатува два дена пред концертот за да ги купи сите потребни намирници што и требаат на пејачката.
Комплетната опрема ќе биде доставена на 20 септември, пет дена пред концертот. Таа ќе биде донесена со 50 камиони, а 18 камиони ќе бидат обезбедени за комплетниот тим на Мадона.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *