Categories
Сцена & Муабети

Мадона ќе посвои тригодишно девојче од Малавија

Поп кралицата Мадона и нејзиниот сопруг британскиот режисер Гај Ричи ќе ја посвојат тригодишната Мерси Џејмс од Малавија.

Поп кралицата Мадона и нејзиниот сопруг британскиот режисер Гај Ричи ќе ја посвојат тригодишната Мерси Џејмс од Малавија.

„После една година „битка“ со строгите закони за посвојување во Малавија и семејството на малото девојче, кое во август минатата година го стопираше посвојувањето, познатиот пар е веќе на „чекор“ до целта“, соопштија надлежните власти во Малавија.

Како што пишува британскиот таблоид „Сан“, Мадона се откажала од процесот на посвојување во периодот кога нејзиниот брак со Ричи (39) беше во криза.
Министерот за посвојување во Малавија Пенстон Килембе изјави дека претставниците на Мадона веќе неколку пати го посетиле девојчето.

„Процесот околу посвојување на Мерси Џејмс е повторно покренат. Владата сега чека на Мадона да ја предаде неопходната документација за сите формалности да бидат испочитувани. Кога се тоа ќе го стори, девојчето ќе може да ја напушти земјата и да започне нов живот“, рече Килембе.

Пријателите на светската ѕвезда истакнаа дека Мадона едвај чекала малиот Дејвид Бенд, кој исто така е посвоен, да добие сестра.
Мадона и Гај Ричи го имаат синот Рок, а пејачката ја има и ќерката Лурд од предходниот брак. Парот во 2006 година од Малавија го посвои малиот Дејвид Бенд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *