Categories
Сцена & Муабети

Мачка со два пара уши

Темносивото маче, наречено Јода, според ликот од филмот “Војна на ѕвездите” е една од главните вести во таблоидите ширум светот.

Темносивото маче, наречено Јода, според ликот од филмот “Војна на ѕвездите” е една од главните вести во таблоидите ширум светот.

Имено, има мала маана – два пара уши, но таа не изгледа како уште една бизарност од светот на животните, туку поради оваа маана е многу симпатична, а како што велат нејзините сопственици, семејството Рок од Чикаго (САД), станала и вистинска атракција во соседството.
    
Семејството Рок пронашле мало маче крај својот омилен паб, и не знаејќи дека здомиле вистинско мало чудо. Иако изгледало како најобично маче, Јода по првиот преглед кај ветеринар станала позната ширум светот.
    
Ветеринарот, откако забележал дека позади ушите има уште две мали ушиња, што симпатично се наѕираат како мали рокчиња, ги известил своите колеги ширум светот за невообичаениот пациент.
    
Откако му се јавиле неколку колеги од Русија и Германија, кои имале пациенти со ист “проблем”, Јода е внесена на листата феномени во фелинологијата. Јода со своите четири уши не слуша ништо подобро од нормалните мачки, дополнителните се само добар украс на нејзината глава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *