Categories
Сцена & Муабети

Лондон трет по скапотија град во светот

Лондон е третиот по скапотија град во светот на листата од 143 градови, што ја направи светскиот провајдер за инвестициони услуги Мерсер.

Лондон е третиот по скапотија град во светот на листата од 143 градови, што ја направи светскиот провајдер за инвестициони услуги Мерсер.

Според истражувањето на компанијата, како што јави допсиникот на МИА од Лондон, најскап град во светот е Москва, а на второто место е јапонската престолнина Токио. Последен на листата, како „најмалку скап“ град е Асунсион, главниот град на Парагвај.
Истражуванјето е правено со споредување на цените на основните трошци, како што се цените на станарината, транспортот, горивото, храната, облеката, опремата за домаќинставата и забавата.

Просечната кирија за луксузен стан со две спални соби во Лондон изнесува 2.500 фунти на месец, во Њујорк 2.300, во Париз 1.500, а во Атина 780 фунти. Лондон е означен и како главен град каде има најскап градски транспорт, но и мошне скапа храна, ако се јаде надвор од дома, како што тоа обично го прават бизнисмените и луѓето кои службено престојуваат во британскит главен град.

Листата на скапотијата, благодарејќи на силното евро во однос на американскиот долар, придинесува Њујорк да е дури на 22 место по скапотијата, зад Париз кој е на 12 место и близу до грчкиот главен град Атина, кој е рангиран на 25 место.
Два други британски градови, Бирмингем и Глазгов, годинава се рангирани подолу на листата на скапотијата, покажувајќи дека Лодон и натаму останува при самиот врв на светските метрополи по скапиот живот и скапотијата на која се изложени неговите жители, што е сосема различно од просекот што важи за внатрешноста на Британија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *