LiquidCafe, името на забавата во Охрид

Охридски но и музички ѕвезди и диџеи од други градови, маскембал и караоке забави, се само дел од содржините преку кои менаџерите од „Ликвид“ само за вас ја осмислија забавата за празниците.

 |   | 

Добро испланирана забава за новогодишните и божиќните празници. Во најпразничниот месец од годината, менаџерскиот тим на охридскиот „Ликвид кафе“ за гостите подготви вистинско богатство од содржини, кои може да бидат избор и на оние со најистенчен вкус. Не оставјаќи ништо на случајност, менаџерите од овој локал, во кој како никогаш да не престанува забавата се потрудија да донесат содржини скроени за сечиј вкус.

„Програмата беше осмислена создадена да биде интересна за сите, да го привлече вниманието на сите. Разнолика е, имаме пеачи и диџеи како од нашиот град од Скопје од Кавадарци, значи од градовите од цела Македонија“ Пероска Виолета – менаџер „Ликвид Кафе“.

Хип Хоп, рок, музика за повозрасните генерации како сентиментално навраќање на она што некогаш се слушало, диџеи кои ќе ве понесат на несекојдневно музичко доживување, како и можноста да покажете колку сте вешти во пеењето на омилениот хит на караоке забавите, се само дел од содржините преку кои менаџерите од Ликвид само за вас ја осмислија забавата за празниците, успехот потоа пак е загарантиран, вели Пероска Виолета – менаџер „Ликвид Кафе“.

                      „Супер сме задоволни имаме постојано гости сите сме задоволни имаме и денски журки кои почнуваат од 15:30 и вечерни свирки кои почнуваат отприлика во 22 часот“ објасни Пероска.

За сите кои се двоумите каде да се забавувате вечер, друг ви го одбрал гајлето, зошто стружаните „Балкан Џем“ ќе настапат во Ликвид. Беспрекорната услуга на посветениот персонал, прекрасниот амбиент и идеите на менаџерскиот тим ќе се потрудат во овие празнични денови и ноќи вистински да уживате.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top