Categories
Сцена & Муабети

Липицанерите, бели поради генетските промени

Белата боја на коњите липицанери е резултат на генетски промени, потврдува студијата изработена од шведски и австриски истражувачи, a презентирана во списанието „Нејчер Генетикс“.

Белата боја на коњите липицанери е резултат на генетски промени, потврдува студијата изработена од шведски и австриски истражувачи, a презентирана во списанието „Нејчер Генетикс“.

Како што пренесува шведската телевизија, липицанерите при раѓањето се со потемна боја, а таа побледува кога тие се на возраст од околу шест години.
Промената во хромозомите придонесува кај оваа раса коњи зголемување на можностите за заболување од рак на кожата. Меѓу 70 и 80 отсто од липицанерите постари од 15 години страдаат од кожни карциноми, пренесува дописникот на МИА од Гетеборг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *