Categories
Сцена & Муабети

Лагата се препознава во очите

Истражувањето на британскиот тим од универзитетот Портсмут покажало дека лажговците на посебен и препознатлив начин трепкаат со очите.

Истражувањето на британскиот тим од универзитетот Портсмут покажало дека лажговците на посебен и препознатлив начин трепкаат со очите.

Тие во мигот пред и во текот на изрекувањето на лагата трепкаат помалку од вообичаеното, а потоа следи низа трепнувања осум пати побрзо од вообичаеното. Просечниот број на трепнувања се движи меѓу 10 и 15 пати во минута.
    
Во студијата психолозите истакнуваат дека резултатите би можеле да се употребат за разоткривање на лажговците.
    
Во текот на истражувањето, група доброволци требало десет минути да ги извршуваат своите секојдневни активности, избегнувајќи ги оние работи поради кои после би требало да лажат.
    
Друга група, пак, требало да украде парфем од просторијата и потоа да го негира делото. Нивното трепкање, било следено со електроди распоредени околу очите.
    
Кога им биле поставени клучните прашања и во текот на одговарањето, бројот на трепнувањето на очите на “лажговците” значително опаднал.
Кај испитаниците кои ја кажувале вистината, тој број малку се зголемил, веројатно поради трема од тестирањето. Потоа бројот на трепкања кај “лажговците” значително се зголемил, додека кај втората група останал ист.
    
Стручњаците претпоставуваат дека причина за ваквиот образец би можела да биде менталниот напор потребен за смислување на лагата.
    
“Лажговците мора да ја смислат својата приказна и да го следат своето ‘дело” за да биде во склад со она што набљудувачот го знае или може да го знае. Покрај тоа, тие мора да запаметат што говорат за подоцна да можат доследно да ја повторат приказната”, објаснува шефот на истражувањето доктор Шарон Леал.
    
“Низата трепнувања што следи по лагата би можела да се објасни со некој вид на ослободување на енергијата по напнатоста”, додава таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *