Categories
Сцена & Муабети

Културна мачка

Дека мачките можат да бидат пробирливи во храната сите знаат, но дали знаевте дека можат да јадат користејќи прибор за јадење?

Теса го може токму тоа, а привикнувањето на бонтон на масата започнало откако децата на сопствениците на мачката се отселиле од семејната куќа. Феј Мурел и нејзиниот сопруг сакале да имаат друштво кога јадат и така започнал тренингот што траел неколку месеци, а како што вели Феј, начинот на кој тоа се одвивало, останува семејна тајна.

Денес Теса, откако ќе ги измие шепите, седнува на семејната маса и јаде најквалитетна храна за мачки, користејќи вилушка, додека десертот – сладолед – го јаде со лажиче. И тоа не е се. Бидејќи семејството се подготвува за пат во азиските земји, брачната двојка Мурел ја научиле Теса да јаде користејќи стапчиња за јадење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *