Categories
Сцена & Муабети

Критики за градоначалникот кој ги повикал грдите жени да се доселат во неговиот град

Градоначалникот на еден оддалечен рударски град во Австралија е критикуван зашто ги повикал не многу убавите жени да дојдат во неговиот град, уверувајќи ги дека таму сигурно ќе најдат сродна душа.

Џон Молони, градоначалник на Маунт Ајза, не сака никому да се извини и објаснува дека сакал да ја врати рамнотежата меѓу половите во градот, каде што односот мажи – жени е пет на еден.

„Во Маунт Ајза често можете да видите не многу привлечна девојка како со насмевка шета по улица и нема да знаете дали е тоа зашто во моментот се сетила на нешто што се случило претходната вечер или затоа што размислува за она што ќе и се случи наредната вечер“, изјавил Молони за еден локален весник.

„Тие кои не живеат во Маунт Ајза треба да дојдат зашто овде ги чека среќа. Убавината не е се. Сите ја знаеме приказната за грдото пајче кое се преобрази во прекрасен лебед“, додал тој.

Во локалната влада велат дека се преплавени со телефонски повици, и од мажи и од жени, кои се жалат на изјавата на Молони.
„Јас сум човек кој кажува се што мисли и многу ги почитувам жените. Но, ако ми речат дека овде на пет мажи има само една жена, тогаш мислам дека е време осамените жени да почнат да се доселуваат во нашиот град“, ја правдал Молони својата иницијатива.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *