И покрај дебелото криминално досие, еден Белгиец успеал да се вработи во една од главните полициски станици во белгиската престолнина.

Бидејќи работел врз одржувањето, тој имал клучеви од сите простории во комесаријатот.

Полицијата подоцна открила дека 40 пати бил апсен, меѓу останатото и за насилна кражба и препродажба на дроба, а од затвор излегол само две недели пред да се вработи во станицата.

Кандидатите кои сакаат да работат во полиција мораат да донесат потврда за добро однесување, но бившиот затвореник успеал со разни објаснувања да го одложи тој момент и да ја добие работата.

Во текот на две недели тој непречено работел во станицата, се додека еден од полицајците не го препознал, по што му бил врачен отказ.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: