Categories
Сцена & Муабети

За малку откажан концертот на Лени Кравиц во Задар

Долгоочекуваниот концерт на Лени Кравиц во Задар поради технички проблеми за малку немаше да биде одржан.

По откажувањето на првиот концерт во Задар пред 4 години Лени Кравиц повторно можеше да го снајде истата судбина. Поради проблеми на границата меѓу Хрватска и Црна Гора опремата на славниот рокер со задоцнување пристигна во Јазине.


Околу 10.000 фанови од Хрватска и околните земји пристигнаа на концертот кој започна со големо задоцнување. Сплиќаните ТБФ кои требаше да настапат како предгрупа останаа со празни раце, затоа што нивната опрема немаше време да биде намонтирана.

 

 

Лени Кравиц, во Охрид направи светски концерт

Но сепак и покрај доцнењето, Лени во Задар, одржа уште еден концерт за паметење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *