Categories
Сцена & Муабети

Крава специјалец

Кравата која била донесена во кланица во францускиот град Кале, успеала да побегне преку канализационите цевки.

Кравата која била донесена во кланица во францускиот град Кале, успеала да побегне преку канализационите цевки.

Преку подземните тунели бегала дури 1,5 километри, а тогаш се заглавила кога цевките почнале да се стеснуваат. Кравата била лоцирана кога еден свештеник пријавил во полиција дека слуша мукање што доаѓа од некаде од под зградата.

Интервенирале комуналците и пожарникарите и 570 килограми тешката крава, откако била смирена со силни седативи, успеале да ја извлечат од канализацијата. За жал, судбината не и се променила – иако сите биле расположени да и го поштедат животот, ветеринарите морале да ја успијат бидејќи во филмското бегство ги искршила нозете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *