Categories
Сцена & Муабети

Крадејќи, си го заборавила детето во продавница

Откако украла скапа козметика, една жена побегнала со неа, комплетно заборавајќи дека на “работа“ ја земала и својата шестгодишна ќерка, што ја оставила во продавницата.

Откако украла скапа козметика, една жена побегнала со неа, комплетно заборавајќи дека на “работа“ ја земала и својата шестгодишна ќерка, што ја оставила во продавницата.

Бригит Малер, од германскиот град Сонтофен, во својата чанта ставила козметика вредна околу 100 евра и тргнала кон излезот од продавницата без да плати. Но, при излегувањето од продавницата се огласил алармот, а кога го слушнала, Бригит потрчала на улица, пред да стигнат вработените да реагираат.

Во целата таа бркотница, таа ја заборавила својата шестгодишна ќерка, која останала во продавницата сама и збунета, прашувајќи се каде и е мајката.

Вработените од продавницата тогаш повикале полиција, кои девојчето, во придружба на социјален работник, го однеле во полициска станица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *