Categories
Сцена & Муабети

Костимите кои Мадона ќе ги носи на „Sticky & Sweet Tour“

Кога станува збор за поп-кралицата, сите се расположени за соработка.

За нејзината турнеја „Sticky & Sweet Tour“, околу себе собра цела армија на врвни светски дизајнери кои деновиве ги завршија сценските костими, кои за брзо време и се појавија на интернет. Нејзината долгоочекувана турнеја почнува на 23 Август, во Кардиф, а завршува во мексико во месец ноември.
Мадона на секој од вкупно 46-те концерти ќе понуди четири визуелни решенија, од кои секој представува по една од фазите на нејзината богата кариера.
Изгледот на домина, со кој мадона ќе ги отвара концертите, го осмисли модната куќа „Живанши“, поточно нивниот дизајнер Рикардо Тиски. За креацијата која потсеќа на нејзините стилски и музички почетоци се погрижи Џереми Скотс, а во оваа стилска приказна се вклучени и цртежите на Кит Харинг, пријателот на мадона кој пред 18 години почина од АИДС. Од звучните имиња тука е Том Форд кој се погрижи за костимите на бендот, Стела Макартни, со своите чизми, „Мошино“, со очилата како и гардероба на Роберто Кавали и Ив Сен Лорен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *