Categories
Сцена & Муабети

Комбе високо 2,5 метри

Еден автомеханичар влезе во Гинисовата книгата на рекорди откако направи најниско комбе на светот.

Еден автомеханичар влезе во Гинисовата книгата на рекорди откако направи најниско комбе на светот.
Енди Саундерс го преправил 2,5 метри високото ВЊ Кампер во верзија со височина од еден метар. Тој успеал со ова за само три дена.

Воланот на возилото требало да се постави ниско и да се премести во централна позиција, а сите останати работи се прилагодени за да можат нормално да функционираат. Возилото може да превезува двајца патници, а Саундерс смета дека во градот му е обезбедено и бесплатно паркираање, со оглед на тоа дека без проблем може да помине под рампата на наплатните места на било кој паркинг.

Со максимална брзина од 80 километри на час, возилото предизвикува внимание секаде каде ќе се појави.

“Работевме пред публика. Најголем проблем беше кровната конструкција. Потоа воланот мораше да биде преместен во средина и вграден комплетно нов систем за управување. Седиштата се ‘симнати’, а и нов резервоар е вграден”, вели Саундерс.

“Се пријавивме за Гинисовата книга на рекорди и тие ни потврдија дека ова е навистина најниското комбе на светот”, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *