Categories
Сцена & Муабети

Колку троши Џенифер Анистон на нејзиниот изглед

Џенифер Анистон континуирано троши по 10 000 фунти за одржување на својот изглед.

Џенифер Анистон континуирано троши по 10 000 фунти за одржување на својот изглед.

 

Актерката од популарната серија „Пријатели“ наводно е загрижена за тоа дека нејзиното момче Џон Mејер кој е речиси десет години помлад од неа би можел да ја остави поради помлада девојка.

Џенифер троши некаде околу 2000 фунти само на својот личен готвач, 750 фунти за личниот тренер за јога, Мери Ингберг, по 150 фунти месечно за личен фитнес тренер и по 100 фунти неделно на масажа која ја ослободува од стресот.

Бидејќи нема време сама да си подготвува здрава храна, таа нарачува од ресторани за здрава храна и троши по 750 фунти месечно за третмани на лицето со кислород. Спа третманите ја чинат околу 500 фунти месечно додека пилинг маските 350 фунти.

Холивудските новинари се сомневаат дека причината за овие 10 000 фунти е нејзиниот страв дека Џон Мејер би можел да ја остави, туку дека едноставно таа тоа го прави бидејќи сака убаво да изгледа и дека едноставно може да си го дозволи тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *