Categories
Сцена & Муабети

Колин Фирт се придружува на екипата на „Дориан Греј“

Заедно со ѕвездата на „Принцот Кaспијан“ Бен Барнс, Колин Фирт ќе настапи во најновата филмска адаптација на „Дориан Греј“.

Заедно со ѕвездата на „Принцот Кaспијан“ Бен Барнс, Колин Фирт ќе настапи во најновата филмска адаптација на „Дориан Греј“.

 

Базиран на класикот на Оскар Вајлд, „Сликата на Дориан греј“, во центарот на приказната се наоѓа младиот Греј, кој го толкува Барнс, кој станува модел на една слика.

Како што се развива приказната, младиот Греј запага во хедонистички начин на живеење, неговиот портрет почнува да се менува, додека тој останува за секогаш млад. Фирт ја толкува улогата на Хенри Вотон, аристократ кој го корумпира Греј со неговиот поглед на светот.

Снимањето на филмот започнува оваа недела, во режиј на Оливер Паркер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *