Една од најталентираните пејачки на денешницата, Ејми Вајнхаус, секој ден е чекор поблиску од смртта.
При последната хоспитализација на Ејми Вајнхаус, докторите дошле до застрашувачки податок. Кокаинот станал составен дел од нејзиниот крвоток и нејзините органи за варење.
Пред неколку денови таа беше примена во лондонската болница, заради напад предизивикан од коктел на лекови кои и помагаат да се одвикне од зависноста. Меѓутоа при направените испитувања се докажало дека Ејми како лек за одвикнување од хероин, самата си го препишала кокаинот.
Ејми беше отпуштена од болницата, а докторите открија застрашувачки податок. Имено после борбата за нејзиниот живот и неколкукратното објавување од страна на докторите дека Ејми е мртва, таа на чудесен начин се враќала во живот. Крвта како и органите за варење и биле полни со кокаин. Докторите тврдат дека не постои медицинско објаснување кое би покажало што Ејми сеуште ја држи во живот. За жал, изгледа животот на Ејми Вајнхаус која е прогласена за една од најталентираните пејачки на денешницата пополека гасне.