Австралиските спасувачи забележале млад кит, кој се “зближил” со една јахта на брегот во близина на Сиднеј.

Бебето кит, старо околу еден или два месеци, очигледно збунето, најверојатно мисли дека јахтата е неговата мајка.Спасувачите го следат и надгледуваат ова “бебе”, кое најверојатно се изгубило од јатото што ја започнало годишната миграција.

Вработените во Австралискиот национален парк и од Здружението за заштита на дивите животни велат дека неговата состојба се влошува, поради што е потребно под итно да се пронајде јатото или неговата мајка за да може бебето – кит да го нахрани. Стручњаците веруваат дека младиот кит ја заменил 11 метарската јахта со својата мајка, и дека плива околу неа за да пронајде храна.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: