Кинезите создадоа „супер зеленчук“ во вселената

Кинески научници создадоа „супер зеленчук“ од семе испратено со сателит во вселената, благодарејќи на вселенската радијација која ги смени гените на испратените видови.

 |   | 
patlizan
patlizan

Кинески научници создадоа „супер зеленчук“ од семе испратено со сателит во вселената, благодарејќи на вселенската радијација која ги смени гените на испратените видови.

Од вселената со сателит се вратија џиновска краставица и домат со уште некој брзорастечки зеленчук, памук и цвеќе, добиени со помош на оваа нова техника.

Научниците соопштија дека доколку се потврдат резултатите од вселенското одгледување, тоа би можело да им претставува конкуренција на генетски модифицираните видови кои се добиваат со скапи лабораториски промени.

– Кинеските резултати докажаа дека „вселенското земјоделство“ веќе не е сон, туку реалност, изјави професорот на пекингшкиот Универзитет Бијанг, Ли Ченгџи.

Тој истакна дека со ова е започната нова „вселенска индустрија“ која дава нови вселенски градинарски производи со нови карактеристики.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top