На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи.
На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи.
Фирмата „Сега тојс“ го произведе малиот робот со висина од 38 сантиметри кој работи на батерија и со стискање на копче може да бакнува, а ќе се продава по цена од 175 долари (113 евра).
Со инфрацрвени сензори и електронски мотор, малата играчка со име Ема се приближува со усните кога во своја близина ќе почувствува човечко лице. Нејзините творци велат дека таа знае да биде многу мила.
„Таа е прекрасна иако не е човек, но со момчето може да се однесува како права девојка“, рече претставник на фирмата „Сега тојс“, кој додаде дека очекуваат првата година да продадат 10.000 роботи.