Categories
Сцена & Муабети

Во Кина 8,500 бебиња добиле име Олимпијада

Олимписките игри во Пекинг ќе останат забележани и во кинеските книги на родените.

Олимписките игри во Пекинг ќе останат забележани и во кинеските книги на родените.

Имено, досега повеќе од 8.500 бебиња родени во последните неколку месеци добиле име според Олимписките игри или според олимписките маскоти.

Родителите 3.500 бебиња ги нарекле Аојин, што на кинески значи Олимпијада, додека пет илјади новородени машки и женски бебиња добиле имиња според петте олимписки маскоти – Беибеи, Џингџинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *