Кога станува збор за модата, ќерките имаат значително влијание врз мајките, покажа најновото истражување.
Дванаесет проценти од испитаниците одговориле дека врз нив влијае модниот стил на ќерката, се резултатите од истражувањето што го спроведе германско модно списание.

Една од десет мајки изјавила дека научила да ги надмине навиките за облекување. Девет проценти рекле дека, благодарение на своите ќерки, станале полежерни кога станува збор за секојдневниот моден стил.

Секоја десетта испитана мајка најмногу за модата научила од ќерката која според стилот на облекување најмногу се разликувала од неа, покажа ова истражување, во кое учествувале повеќе од една илјада мајки на возраст меѓу 30 и 65 години.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: