Categories
Сцена & Муабети

Кенгур нападна старица во Австралија

Постара жена беше нападната од кенгур на една фарма во Австралија. Таа едвај го преживеа  нападот благодарение на своето куче.

Постара жена беше нападната од кенгур на една фарма во Австралија. Таа едвај го преживеа  нападот благодарение на своето куче.

Речиси два метри високиот кенгур ја нападнал шеесет и пет години старата Розмери Нил кога старицата отишла да ги провери коњите на нејзиниот имот кој се наоѓа на 200 км северозападно од Сиднеј. Кенгурот без предупредување скокнал на неа удирајќи ја само еднаш по што таа паднала. Во меѓувреме, нејзиното куче го слушнало врисокот и го нападнало кенгурот по што тој веднаш избегал.
Таа изјави дека да не било нејзионото куче, најверојатно ќе била мртва.

Розмери  била хоспитализирана со длабоки посекоти ни на лицето, рацете и грбот, и поради потрес на мозокот.
Кенгурите се најраспространети низ Австралија, ги има на десетици видови кои можат да бидат со тежина од неколку килограми до, нивниот најголем претставник, Црвениот кенгур кој може да достигне висина од 2 метри и тежина од неколку стотици килограми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *