Кејт Хадсон ќе можеме да ја видиме во адаптацијата на Роб Машал на мјузиклот „Деветка“.

Оваа млада актерка е уште едно засилување во екранизацијата на овој познат бродвејски мјузикл кој има освоено неколку „Тони“ награди. Покрај неа ќе можеме да ги видиме и Даниел Деј Луис, Никол Кидман, Мерион Котијар, Џуди Денч, Софија Лорен и Пенелопе Круз.

Даниел Деј Луис ја толкува улогата на познатиот светски режисер Гвидо Конти во моментите кога тој се подготвува да го сними својот најнов филм и односите кои ги има со сите жени во неговиот живот. Мајкл Толкин и покојниот Антони Мигела ја направија адаптацијата на сценариото, од оригиналната пиеса на Мори Јетсон, која во 1982 година ја доби „Тони“ наградата, за надобар мјузикл на Бродвеј.

Хадсон ја игра улогата на Стефани, млада американска модна фоторепортерка од списанието „Вог“ која работи во Италија. Јетсон, само за неа специјално напишал песна како и за потребите на сценариото на филмот. Снимањето на филмот започнува во октомври на локации низ Англија.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: