Categories
Сцена & Муабети

Џетпак – мини летало

Конечно џетпек леталото на иднината ќе стане достапно за секој.

Компанијата Мартин Еркрафт од Нов Зеланд, направи џетпак, што навистина функционира, иако стручњаците се уште расправаат дали леталото е точно класифицирани бидејќи не изгледа како мал ранец, како што вообичаено ги замислуваме тие апарати.
 
Апаратот има мотор со четири цилиндри, тежок е околу 125 килограми и е замислен како рекреативно возило. За него ќе треба да се издвојат 100 илјади долари, од кои 10 проценти мора да се платат однапред. Леталото веќе може да се нарача, а првите модели ќе бидат испорачани идната година.

Со едно полнење на резервоарот, апаратот може да лета 30 минути, а во теорија, може да достигне до 2,5 километри височина, но оваа можност се уште не е тестирана.Сите купувачи ќе мора да поминат обука од 15 часови, како и безбедносна проверка.

Џетпак доаѓа во комплет со балистички падобран. Меѓутоа, леталото нема да може да лета секаде – тоа ќе може да се користи само на посебни терени, правило за кое од компанијата се надеваат дека ќе се смени во иднина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *