Categories
Сцена & Муабети

Џемс Камерон зборува за „Аватар“

Џемс Камерон, за американското филмско списание „Холивуд Репортер“ за прв пат прозбори за своето најново дело.

Џемс Камерон, за американското филмско списание „Холивуд Репортер“ за прв пат прозбори за своето најново дело. Дванаесет години после мега хитот „Титаник“ Камерон се враќа на жанрот кој го прослави и во кој можеби и најдобро се снаоѓа. После „Терминатор“, второто продолжение на „Вонземјанинот“ како и „Амбис“ следува уште едно изненадување. Тој прозбори за некои клучни факти од оваа долгоочекувана научно-фантастична сага.
Најважната информација е таа дека не планира да оди во насока како Џорџ Лукас со „Војна на Ѕвездите“.
Тој изјави: „Мора да се направи добар филм, без оглед колку ке трае тој филм. Мора да се стави на прво место приказната. Не е важно колку специјални ефекти во еден кадар ќе видите.сепак потребни ви се многу луѓе за тоа да функционира“.
Камерон тврди дека „Аватар“ ќе биде околу 60% со анаимирани специјални ефекти, додека 40% ќе биде со жива акција, но секако дека спецвијалните ефекти нема да изостанат.
Тој тврди дека ова е најтешкиот филм што досега го снимил и воедно најголем предизвик за него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *