Categories
Сцена & Муабети

Јадете риба за здрав мозок

Една неодамнешна студија ја покажа врската помеѓу тоа што група жени јаделе за време на нивната бременост и тестовите за интелегенција на нивните деца три години после раѓањето.

Една неодамнешна студија ја покажа врската помеѓу тоа што група жени јаделе за време на нивната бременост и тестовите за интелегенција на нивните деца три години после раѓањето.

Резултатите од истражувањето покажале дека жените кои јаделе риба додека биле бремени, на свет донесле деца кои достигнале возраст од три години имале многу подобри когнитивни и психо-моторни способности отколку оние деца чии мајки не јаделе риба за време на нивната бременост.

Ова откритие е многу важно поради тоа што најважен период во развојот на мозокот кај човекот е периодот пред да се родиме. Речиси сите неврони се зодаваат за време на второто тромесечие од развојот на фетусот. Според тоа неправилностите кои можат да настанат во овј период ќе претставуваат последици за понатамошниот ментален развој на човекот.

Сега се поставува прашањето, зошто токму рибата? Како прво таа богата со омега три масните киселини кои се интегрален дел од структурата на нервните ткива. Но, постојат и негативности во јадењето на риба. Рибата знае да биде голем извор на жива, која има уништувачки ефект на развојот на мозокот. Така да прекумерното количество на жива може да биде многу штетно за развојот на мозокот. Што треба тогаш да се направи како дас е контролира количеството на жива а да се јаде риба? Големите риби како туната, сабјарката кои се хранат со помалите риби имаат поголемо количество на жива, така да најдобро е да се внесуваат ракчиња, сардини и лосос.

Друго истражување покажа дека масните киселини се есенцијални за развојот на мозокот не само во првите години од животот туку низ целиот наш живот. Нивната улога е најголема во спречувањето на некои психички пореметувања и хемиски нерамнотежи кои се причинители за ваквите заболувања.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *