Categories
Сцена & Муабети

Израел со смрдеа ги брка демонстрантите

Израелската гранична полиција од неодамна користи нов “смрдлив“ метод при растерувањето на демонстрантите кои се противат на изградбата на безбедносната ограда кон Западниот брег.

Израелската гранична полиција од неодамна користи нов “смрдлив“ метод при растерувањето на демонстрантите кои се противат на изградбата на безбедносната ограда кон Западниот брег.

Новото средство, наречено “твор е течност со која се прскаат демонстрантите, а толку е смрдлива што ги принудува да побегнат од местото.

Новиот метод веќе е испробан на најновите демонстрации во палестинското село Нилин.

Демонстрантите Палестинци и израелските левичари по “тестот“ побегнале за да се истушираат и пресоблечат, се вели во извештајот на граничната полиција.

Но и по туширањето не било многу подобро. Мирисот не исчезнува, а го споредуваат со мирисот на канализација, само уште полош.

Официјалните претставници на силите за безбедност тврдат дека “твор“ е направен во рамките на напорите да се развијат несмртоносни средства и да се избегнат повредите. Тие истакнуваат дека нанесува помалку штета отколку солзавецот и гумените куршуми, а дека има подобар ефект.

Благодарение на новиот метод, учесниците во демонстрациите можат лесно да се идентификуваат и долго време по инцидентот. Миризбата што се шири околу нив се чувствува “на километри“.

Засега не се знае дали “твор“ комплетно ќе ги замени поранешните средства за растерување на демонстрантите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *