Во Детската Болница во Бостон, САД, се вршат третмани за блокирање на хормоните кај младите момчиња и девојчиња кои имаат проблем со идентификација на својот пол. Имено, овие третмани го запираат налетот на пубертетот и им овозможуваат на децата побрзо да созреат физички пред да се решат за промена на полот.

Исто така, на овие третмани не се гледа како на терапија за промена на полот, туку како на терапија која ќе им даде на децата повеќе време да размислат дали сакаат или не да се подложат на операција за промена на сексот. Голем процент од децата кои се раѓаат денес се интросексуални, односно имаат поголем број на женски или машки гени во „погрешно“ тело. Но, тврдењето дека децата на возраст од 8-9 години не се свесни за својот сексуален идентитет се можеби погрешни.

Некои студии покажуваат дека уште на три годишна возраст децата знаат дали се или не „заробени“ во погрешно тело.
Понатака хормоналните третмани се познати по своите нус-појави кои можат да се движат од комплетна промена на иднината на децата до неверојатни ризици за нивното физичко здравје. Позитивната страна на овие хормонални третмани е дека се поголем број на луѓе учат и разбираат дека идентификацијата на полот кај децата е многу менлива работа, која најмногу зависи од хормоналната „бура“ во организмот на детето која се јавува за време на пубертетот а и пред него.

И покрај ригидното сваќање за полот од страна на нашето општество, тој е флексибилен и транзиционен и дека во многу поголема мерка зависи од хормоните во нато тело одколку од влијанието на социо-културолошките промени кои се околу нас. Иако овие третмани му помагаат на општеството да ја прифати слободата на половите, треба многу да се внимава пред да се подложат децата на третмани од кои ке носат последици до крајот на животот. За таа цел се водат дебати за тоа да децата кои се на возраст под 18 години не би смееле да се подложуваат на вакви третмани.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: