Докажано е дека под-просечно интелигентни луѓе можат да бидат богати исто како и оние со висок IQ. Луѓето со просечна интелигенција воисти услови стекнуваат исто богатство како и оние со повисоко ниво на интелигенција, а во финансиска криза можат да паднат и многу интелигентните луѓе, така покажала студија спроведена во САД. Во студијата спроведена од Уред за статистика за работа во САД биле вклучени 7403 Американци, кои биле интервјуирани повеќе пати од 1979год. па наваму. Се дошло до следниве заклучоци…

“IQ не е поврзан со богатство, ако сте многу паметни не значи дека сте имуни на финансиски тешкотии”, соопштил Загорски.

Студијата ги потврдила претходните истражувања према кои личностите со поголем IQ во просек заработуваат повеќе од оние со понизок IQ, меѓутоа сепак се покажало дека постои разлика помеѓу висока плата и општата благосостојба.

”Интелигенцијата не е фактор кој е од важен при стекнувањето богатство. Оние кои се сметаат за помалку интелигентни не смеат да мислат дека се хендикепирани- кога се во прашање парите, додека оние побистрите исто така, не треба да веруваат дека се во некаква предност.”, рекол доктор Загорски.

Просечните приходи се разликуваат кај особи со просечна интелигенција (со 100 IQ), кои заработуваат околу 6000 долари на година и кај луѓето што ги сочинуваат 2-та процента во врвот на друштвото (IQ поголем од 130), чии што годишни приходи се пресметани 18 500 долари.

Сепак, кога дојде до збогатување и можности за паѓање во финансиски проблеми, луѓето со просечна и под-просечна интелигенција, во однос на оние супер-интелигентните, имаат сосема пристојни резултати.

Студијата открила дека финансиските проблеми како што се: прекорачување на лимитот на кредитните картички, неплатените сметки или личен бакрот, се поеднакво застапени кај особи со различни нивоа на интелигенција.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: