Categories
Сцена & Муабети

Нови информации за близнаците на Бред и Анџелина

Гинекологот кој на свет ги донесе најпознатите близнаци на светот заборави на својата дискреција.

После заминувањето на Анџелина и близнаците од болницата од Ница протекоа информации дека близнаците го добиле генетскиот џек-пот и дека се неверојатно слатки. Информациите дојдоја од човекот кој ги донесе на свет, докторот Мајкл Сусаман, кој изјави дека иако породувањето со царски рез е тешко, дека се минало во најдобар ред.

Тој изјави дека актерката била неверојатно расположена дека се шегувала цело време дури и за време на породувањето, но дека тој е нејзин доктор а, не нејзин пријател. Поради тоа таа морала на негова наредба да остане во болницата се додека не се чувствува 100 % добро. Причина плус за тоа се и другите деца кои дома ја чекаат и дека ќе биде за неа навистина многу тежок период периодот што доаѓа, а овие екстра денови одмор во болницата добро и дошле да собере сила.

Анџелина цело време додека била во болницата не се пожалила на ништо, а дека сите негатвини работи кои се за неа напишани по таблоидите и на интернет се фабрикувани лаги.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *