Categories
Сцена & Муабети

Индиец има 26 прсти

Харамбу Ашоку Кумттекару (22) од Индија, има по шест прсти на секоја рака и по седум на секоја нога.

Харамбу Ашоку Кумттекару (22) од Индија, има по шест прсти на секоја рака и по седум на секоја нога.

Тоа значи дека не може да носи сандали во лето, ниту ракавици во зима. Но, уште повеќе го фрустрира фактот дека неговата посебност не носи ниту официјален рекорд за Гинис, бидејќи некои од прстите, иако имаат посебни коски, не може да ги чувствува ниту да ги движи.

Официјалниот рекорд го држи неговиот земјак, Девендри Харне (13) кој има 12 прсти на рацете и 13 на нозете.

Херамб, кој студира бизнис менаџмент, секогаш бил горд на својот вишок од прсти.

“Имам нешто што повеќето луѓе го немаат и поради тоа сум среќен. Никогаш немав проблеми поради прстите, а можеби ќе станам и славен“, вели Харамбу.

Оваа вродена маана се појавува кај едно од 500 родени деца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *