„Идила“ ќе ве освои од прва: Каролина Гочева објави нова хит песна!

Поп ѕвездата Каролина Гочева ја претстави нејзината најнова песна со наслов „Идила“ која што е во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

 |   | 

Карантинските денови поп ѕвездата Каролина Гочева ги искористи за создавање на нов материјал. Таа во изминатиот период заедно со нејзиниот тим работеше на песните од новиот албум. 

Пред само неколку денови Каролина на нејзиниот инстаграм профил најави нова песна што беше едно пријатно изненадување за македонската јавност. 

Вчера, на својот официјален јутјуб-канал, Каролина го објави видеото за песната „Идила“, а позитивните коментари од нејзината верна публика на социјалните мрежи се нижеа една по друга.

– Веќе може да ја чуете „Идила“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски на мојот јутјуб-канал. Се надевам ќе ви се допадне, стои во објавата на Каролина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top