Categories
Сцена & Муабети

И ја удриле колата, па добила казна

Џоана Билингтон од Олдам, Англија, доживеала два пати шок кога заминувајќи од работа пристигнала до својот автомобил.

Џоана Билингтон од Олдам, Англија, доживеала два пати шок кога заминувајќи од работа пристигнала до својот автомобил. Таа видела дека некој добро и ја удрил колата, отфрлајќи ја на тревникот, а тогаш ја дочекал и чуварот на паркингот со напишана казна поради паркирање на зелена површина!

“Не можев да верувам што ми се случува. Од авион можеше да се види дека автомобилот е удрен, но јас сепак добив казна. Мислев дека човекот се шегува со мене, но тој навистина напиша пријава“, вели Џоан.

Чуварот, пак, изјавил дека не е негова работа да утврдува на кој начин автомобилот се нашол во грмушките и дека тоа е прекршок што се казнува.

“Предниот дел од автомобилот беше длабоко во грмушките и тоа е прекршок што се казнува. Останатото не ме интересира. Со тоа нека се занимава полицијата“, изјавил тој.

Џоана вложила жалба и на крајот била ослободена од плаќање казна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *