Categories
Сцена & Муабети

Хари Потер не може да си ги врзи врвците

Деветнаесет годишниот Дениел Редклиф, најпознат по неговата улога на малиот волшебник Хари Потер, пати од диспраксија.

Деветнаесет годишниот Дениел Редклиф, најпознат по неговата улога на малиот волшебник Хари Потер, пати од диспраксија.

Промовирајќи ја претставата „Еквус“ во која има главна улога, 19-годишниот Редклиф прозборе за болеста која го обележа неговиот живот и поради која од својата петта година посакал да постане глумец. Ѕвездата на серијалот „Хари Потер“ пати од диспраксија, невролошка болест која влијае на координацијата на движењата, а пациентот понекогаш не може да направи некои секојдневни работи, како што се качување по скали или врзување на врвците. Младиот глумец изјави дека до сега многу добро се справува со тоа.
Редклиф изјави дека за време на училишните денови имал многу големи проблеми поради болеста, бидејќи таа го оневозможувала да прави некои најобични работи кои децата ги правеле.

Најголема помош во тие денови му била неговата мајка која почувствувала дека на младиот Редклиф му е потребна инекција на самодоверба и поради тоа го пријавила на аудицијата за филмот во продукција на ББЦ за илузионистот Дејвид Коперфилд.

Неговиот невролог, Дејвид Јонгер изјави дека Даниел страда од блага форма на оваа болест, а доколку болеста била поинтензивна тој во никој случај не би можел да се занимава со глума. Поради тоа редклиф единствено има проблем со врзувањето на врвците и многу грозен ракопис. Инаку младиот редклиф кој сега се посвети на глумата во театарот „тежи“ некаде околу 17 милиони фунти и тоа благодарение на сериалот за „Хари Потер“, богатство кое во наредниве години поради планетарниот успех на филмот уште повеќе ќе се зголеми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *