Categories
Сцена & Муабети

Трагедија на Санторини – грк и ја отсекол главата на својата пријателка

Еден грк во селото Вурвулос на грчкиот остров Санторини вчера во состојба на афект и ја отсекол главата на својата пријателка.

Триесет и пет годишниот gрк најпрво ја убил жената, а потоа и ја отсекол главата, по што украл полициско возило и возејќи неконтролирано низ тесните островски улици повредил најмалку четири лица, од кои две се во критична состојба.
„Човекот е ментално болен“,- изјави градоначаникот на Санторини, Ангелос Русос.
Тој истакна дека убиецот и ја отсекол главата на пријателката со голем нож, а потоа излегол на улица со нејзината глава в раце.

Убиецот потоа повредил еден полицаец, кој интервенирал на местото на злосторството, го украл неговиот авомобил и како што напомена Русос „како лудак“ возел низ тесните улици. На тој начин убиецот соборил две жени и тешко ги повредил. За несреќата да биде поголема, во една од соборените жени завршил куршум од предупредувачките истрели на полицијата.

Мажот бил од северна Грција и работел како готвач во локален ресторан, а неговата пријателка била жителка на Санторини, која работела како учителка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *