Categories
Сцена & Муабети

Градите на Памела Андерсон се спремни за ремонт

Еден од најдобрите пластични хирурзи на ѕвездите, Алекс Каридис, тврди дека градите на Памела само што не се срушиле сами во себе.

Еден од најдобрите пластични хирурзи на ѕвездите, Алекс Каридис, тврди дека градите на Памела само што не се срушиле сами во себе. Каридис тврди дека тие веќе го изгубиле својот облик и речиси е невозможно да се поправат. Незјината кожа е оштетна од сонцето и ја изгубила својата еластичност, така да реконструктивен зафати би бил речиси невозможен, изјави Каридис. Бидејќи деколтето е најизложено на сончевите зраци, затоа е најоштетено. Ако добро се погледне се познаваат имплантатите во нејзините гради поради масното ткиво кое се собрало околу нив.

Првите имплантати Памела ги ставила во осумедесеттие години кога за прв пат стигнала во Холивуд, но во 1999 ги извадила. На возраст од 41 година таа зад себе има четири интервенции на своите гради, последен пат во 2005 година кога оперативниот зафат бил неопходен поради катастрофалниот изглед.
Пластичните хирурзи тврдат дека уште еден зафат на нејзините гради нема да биде од никаква помош, напротив би направил непоправлива штета за нејзиниот изглед, а овој пат и по нејзиното здравје.

Останува прашањето, до каде се спремни холивудските старлети да одат, само за својот изглед и дали тоа вреди?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *