Categories
Сцена & Муабети

Глупав германец останал гол

Еден лекоумен Германец бил принуден комплетно гол да шета цели три километри до најблиската полициска станица, откако тргнал во неуспешна љубовна авантура.

Еден лекоумен Германец бил принуден комплетно гол да шета цели три километри до најблиската полициска станица, откако тргнал во неуспешна љубовна авантура.
 
Феликс Адлер (40) ги насмеал полицајците кога им раскажал дека неколку часови порано во локално кафуле запознал една 24 годишна девојка, која по две чашки алкохол му предложила секс.
 
Тие отишле до шумата на работ на градот, каде таа го соблекла комплетно.
 
Додека несреќниот Феликс барал соодветно место за легнување, девојката ја грабнала неговата облека и побегнала. Секако, не го заборавила ниту паричникот во кој имал околу една илјада евра.
 
Кога се изнасмеале, полицајците тргнале да ја бараат девојката и по три часа ја пронашле во друго кафуле како „обработува“ уште еден средовечен маж во потрага по куса авантура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *