Categories
Сцена & Муабети

Гитаристот на „Ролинг Стоунси“ на рехабилитација

Во средата, гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд доброволно се пријави на клиника за лечење од алкохолизам.

Во средата, гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд доброволно се пријави на клиника за лечење од алкохолизам.

Веќе години борејќи се со оваа зависност, гитаристот на „Ролинг Стоунс“ го започна периодот на рехабилитација изјави неговиот менаџер за односи со јавноста. Неговите најблиски изјавија дека тој конечно признал дека му е потребна професионална помош, дека самиот не е во состојба да се бори со зависност и дека целото негово семејство стои зад него и во целост го поддржуваИнаку Вуд, кој сега има 61 година со алкохолизмот се бори речиси за време на целата негова кариера, која што започна во шеесеттите години од минатиот век, кога свиреше за бендот „Фејсис“.

Неговиот менаџер не даде изјава за која клиника станува збор или пак за терапијата која ќе треба да ја прима стариот рокер.

Тој во последниве години покрај својата кариера како гитарист на еден од најпознатите рок бендови, изгради и кариера на ликовен уметник чии слики се наоѓаа на ѕидовите на најреномираните галерии во Лондон.

Но, во последно време, неговата врска со руската тинејџерка и борбата со алкохолизот се единствените нешта за кои слушаме и читаме, а се поврзани со оваа неверојатна личност.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *