Categories
Сцена & Муабети

Гитаристот на „Ролинг Стоунс“ ја остави својата сопруга за тинејџерка

Шеесет и едно годишниот гитарист на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд ја остави својата долгогодишна сопруга поради руска тинејџерка.

Шеесет и едно годишниот гитарист на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд ја остави својата долгогодишна сопруга поради руска тинејџерка.

 Со својата сопруга Џо во брак е 23 години, од кој брак имаат две деца. Рони сеуште сака да го живее животот на рок ѕвезда, но сега веќе неговите деца се вознемирени поради неговата долгогодишна борба со алкохолот и дрогата.
Тој неодамна заврши и во болница после испиени два литри вотка. Осумнаесет годишната Екатерина Иванова живее со него во неговиот дом во Ирска. Иако поранешниот фотомодел тврди дека се само партнери за пиење со Рони, сепак нејзините пријатели велат дека таа е вљубена во него.

Сопругата на Рони изјави дека не верува дека постои романтична врска помеѓу нејзиниот сопруг и рускиот фотомодел освен нивната заедничка љубов кон алкохолот.
Пријателите кои долго време ги познаваат Вудови, изјавуваат дека не постои романтична врска помеѓу рокерот и русинката, но дека каква и да е врската таа погубно делува врз него бидејќи повторно се вратил на алкохолот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *