Categories
Сцена & Муабети

Германските деца со џепарлак од 23 милијарди евра

Германските деца и тинејџерите се се побогати – само во 2007 година во нивните џебови, преку џепарлак, подароци и заработувачка од ситни работи, се слеале 23,1 милијарди евра.

Германските деца и тинејџерите се се побогати – само во 2007 година во нивните џебови, преку џепарлак, подароци и заработувачка од ситни работи, се слеале 23,1 милијарди евра.
Студијата на минхенскиот институт „Ајконкидс енд Јут“ истовремено покажала дека децата и тинејџерите на возраст од шест до 19 години, не само што имаат најмногу пари, туку и дека постапуваат со нив многу внимателно.

Дури 2,2 милијарди евра младите Германци во 2007 година ги вложиле на штедни книшки. Две третини од децата и тинејџерите во Германија имаат најмалку една штедна книшка, додека 11 отсто од нив веќе поседуваат акции.

Младата генерација точно знае каде сака да ги вложи своите пари. Така, 40,3 проценти од децата сакаат поголемите износи што ги добиваат да ги вложат во акции, додека 29,7 отсто предност дава на вложување во недвижнини.

Истражувањето покажало дека шест отсто од децата во Германија имаат заштедено меѓу 10 илјади и 50 илјади евра, додека 21 отсто имаат меѓу 2,5 и 10 илјади евра.

Две третини од нив (62 отсто) поседуваат до 2,5 илјади евра, а само два отсто нема ништо на книшка или во други видови заштеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *