Categories
Сцена & Муабети

Откриени генетски промени поврзани со шизофренијата

Научниците идентификувале генетски промени поврзани со шизофренијата, психичко заболување што погодува еден отсто од светското население.

Научниците идентификувале генетски промени поврзани со шизофренијата, психичко заболување што погодува еден отсто од светското население.

Симптоми на шизофренијата се повремени силни појави на психоза, вклучувајќи и звучни и визуелни халуцинации, како и пореметување на психомоторните и когнитивните способности.

Семејната историја е еден од важните фактори за ризик за добивање шизофренија, а тука се вклучени и разни промени на гените, како и факторите од околината, се наведува во најновото истражување.Научници од Меѓународната организација за проучување на шизофренијата, откриле дека лицата кои страдаат од тоа тешко психичко заболување имаат некои многу ретки промени на одредени хромозоми.

Експертите испитале над три илјади пациенти и три илјади здрави луѓе, при што откриле промени на хромозомите 1 и 5, со кои што е поврзан ризикот за добивање болести.

„Доколку се откријат тајните на генетските промени можеме да се надеваме на подобра дијагноза, лекување и превенција”, соопшти научникот Томас Инсел.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *