Categories
Сцена & Муабети

Гел ја намалува употребата на инсулинот

Швајцарските научници изумиле гел што би можел да го намали вбризгувањето на инсулинот, објавено е во среда во Цирих.

Швајцарските научници изумиле гел што би можел да го намали вбризгувањето на инсулинот, објавено е во среда во Цирих.

Пациентите кои ќе го користат гелот ќе треба да се боцкаат на секои две до четири недели, соопшти Швајцарското високо техничко училиште (ЕТХ) во Цирих. Користејќи гел, пациентите, по потреба, би земале и таблети со кои се поттикнува испуштањето на лекот од своевидниот “склад” во гелот.

Покрај дијабетичарите, гелот би можеле да го користат и бубрежно болните. Гелот веќе е испробан во вештачки одгледана култура на клетки. Тој се состои од тенки мали нишки, на кои висат вмрежени протеини.

Таа мрежа, што има форма на гел, во својата структура го задржува лекот, а по потреба го ослободува антибиотикот Новобиоцин.

“Со помош на дозата на антибиотикот може точно да се одреди колкаво количество од лекот ќе се ослободи”, вели научникот на ЕТХ Вилфрид Вебер.

На пример, дијабетичарот може пред јадењето да проголта апче, за да се овозможи потребното количество инсулин од “складот” во гелот да се ослободи во организмот. Новобиоцинот има многу малку нусефекти, тврдат научниците, кои и покрај тоа трагаат по антибиотик што би можел да го замени. Ситните нишки на гелот се безопасни и се излачуваат преку бубрезите.
Гелот веќе е патентиран, а идните месеци би требало да се тестира. Научниот труд во кој е опишан новиот лек е објавен во списанието “Натуре Материалс“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *