Categories
Сцена & Муабети

Фреди Кругер се враќа

Американското филмско списание „Холивуд репортер“ изјави дека сценаристот Весли Страјк е најмен за да го напише сценариото за сосема новиот филм за Фреди Кругер.

Американското филмско списание „Холивуд репортер“ изјави дека сценаристот Весли Страјк е најмен за да го напише сценариото за сосема новиот филм за Фреди Кругер. Сосема новото продолжение од „Кошмарот во улицата на брестовите“ е во продукција на филмското стурио Њу лајн синема и отаму искрено се надеваат дека филмот ќе биде завршен пред дваесет и пет годишнината од филмското деби на Фреди Кругер.

Започнувајќи во 1984 година кога за прв пат се појави на големиот екран, филмската франшиза за серискиот убиец на деца кој после својата смрт ги прогонува во нивните соништа претерпе седум продолженија. Продуцентите тврдат дека овој пат филмската адаптација ќе биде многу, многу помрачна и ќе се обидат да навлезат во болната психа и соништа на самиот Кругер. Проектот е во продукција на Ричард Бренер, Волтер Хамада и Дејв Њустадер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *