Categories
Сцена & Муабети

Фотографиите на близнаците на Пит и Џоли продадени за 15 милиони долари

Списанијето „пипл“ за 15 милиони долари ги откупи фотографиите на најпознатите близнаци на светот.

Списанијето „пипл“ за 15 милиони долари ги откупи фотографиите на најпознатите близнаци на светот.

По повеќемесечната борба на списанијата околу добивањето на правата за објавување на сликите на близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит, конечно е познат победникот – списанието “Пипл“ ги откупи првите слики на бебињата за износ од 15 милиони долари!

Натпреварот започна уште пред да се породи познатата актерка, а износот што ова списание го плати е најголем досега исплатен за фотографии на познати бебиња.

Сликите на близнаците Нокс Ленон и Вивијан Марчелин ќе се појават во наредното издание на списанието што во продавниците ќе се најде идната недела, а најпознатата холивудска двојка одлучи парите од продадените фотографии да ги подари во добротворни цели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *