Categories
Сцена & Муабети

И Ферги сака да биде дел од “Деветка“

Пеачката Ферги е во преговори да стане дел од ѕвездената екипа на мјузиклот „Деветка“.

Пеачката Ферги е во преговори да стане дел од ѕвездената екипа на мјузиклот „Деветка“.

Продолжуваат интензивните преговори помеѓу нејзиниот менаџер и кастинг директорите на овој најнов филмски проект кој е под водство на Роб Маршал, Во овој мјузикл, како најново појачување е холивудската актерка Кејт Хадсон, а покрај неа ќе настапат Даниел Деј Луис, Мерион Котијар, Пенелопи Круз, Никол Кидман, Софија лорен и Џуди Денч.

Ако ја добие оваа улога, за добитничката на „Греми“ тоа ќе биде прва нејзина голема улога во еден голем филмски проект. Таа имаше досега остварено една малечка улога во филмот „Мелница“ во продуција на Вајнстајн студиото.

Во „Деветка“, Ферги ќе ја игра улогата на заводничката Серафина која ќе го воведе ликот на Гвидо, кој го толкува Даниел Деј Луис во светот на сексот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *