Categories
Сцена & Муабети

Епидемијата на Сида стабилизирана, но не се намалува

Епидемијата на Сида е стабилизирана, но не се намалува, соопшти Канцеларијата за сида на Обединетите нации (ОН).

Епидемијата на Сида е стабилизирана, но не се намалува, соопшти Канцеларијата за сида на Обединетите нации (ОН).

Оттаму соопштија дека во 2007 година во светот имало 33 милиони луѓе со ХИВ вирус, од кои 2,7 милиони се новоинфицирани.Напорите за превенција од сидата се подобрени во текот на минатата година, но епидемијата се уште не се намалува, се наведува во извештајот, што ОН го објавува секоја втора година.

Бројот на смртни случаи е намален во последните две години, од 2,2 на 2 милиона луѓе.Сидата и понатаму е главен причинител на смрт во Африка, каде се наоѓа 67 отсто од вкупниот број на заразени во светот.

Бројот на заразени се зголемува во Кина, Индонезија, Кенија, Мозамбик, Русија, Украина и Виетнам.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *