Categories
Сцена & Муабети

Стар египетски брод ќе биде откопан и целосно реставриран

Археолозите ќе откопаат стотици фрагменти на стар египетски дрвен брод од една гробница во близина на големата пирамида во Гиза.

 

Археолозите ќе откопаат стотици фрагменти на стар египетски дрвен брод од една гробница во близина на големата пирамида во Гиза. Тие ќе се обидат да го целосно да го реконструираат. 4, 500 години стариот брод е брод сестра на сличен таков кој беше комплетно реставриран во 1954 година. Експертите тврдат дека постоело верување дека овие бродови биле користени за да го однесат фараонот кој ја изградил пирамидата кон задгробниот живот.

Туристите имаа можност да погледнат внатре во вториот откриен брод, со помош на камера која низ дупка беше спуштена во комората на гробницата. Археолозите ќе мора да отстранат некаде околу шестотини парчиња дрво до Ноември. Бродот е откриен на јужната страна на Гиза платото и се смета дека е еден од најстарите добро зачувани дрвени објекти од ваков вид.

Реконструираниот брод е поставен во музеј кој е изграден веднаш над локацијата каде што е пронајден. Долг е некаде околу четириесетина метри. Кедровото дрво е врзано со јажиња изработени од јута, техника со која се служеле бродоградителите од Црвеното море и Персискиот залив.

Ианку овој брод е изаработен од либански кедар и од египетска акација. Ова откритие ќе овозмжи да се свати фактот, дали ваквите бродови имале чисто спиритуална улога или се користеле нависитна како пловни објекти по течението на реката Нил.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *