Categories
Сцена & Муабети

Две пијани Британки приземјиа авион

Две пијан британки приземјиа авион на Аеродоромот во Франкфурт.

Авионот на чартер компанијата „ЏЛ Ервејз“ мораше принудно да слета на аеродромот во Франкфурт, откако две пијани Британки, кои се наоѓале меѓу патниците, се обиделе да отворат една од вратите на авионот, додека леталото било на височина од преку 10 илјади метри.
Посадата се обидела да ги “вразуми недисциплираните и насилни” патнички кои почнале да фрлаат со полни шишиња со водка по стјуардесите, врзувајќи ги и двете за седиштата, се додека авионот не се приземјил во Франкфурт.

Капетанот на авионот веднаш побарал интервенција на германската полиција, која ги уапсила Британките, соопшти претставник на авионската компанија. Во инцидентот никој не е повреден, а авионот по двочасовно заддржување во Германија, го продолжи патот за Велика Британија.

Двете пијани Британки по испитувањето во полицијата, подоцна се пуштени од притвор и со првиот следен лет испратени дома.
На полицајците им рекле дека вратата сакале да ја отворат затоа што им бил потребен воздух, што им недостигал во кабината.

Авионот во кој се случил инцидентот летал полн со британски туристи кои се враќале од летување во Грција, на линијата од островот Кос во Егејското море за Манчестер.
Ова е втор инцидент што се случува во авионите на оваа чартер компанија во рок од 30 денови. Минатиот месец еден авион на компанијата, кој полетал од Глазгов за Даламан во Турција, морал набргу да се врати на шкотскиот аеродром затоа што двајца поднапиени патници се степале меѓу себе. Компанијата „ЏЛ Ервејз“ лета редовно на 50 дестинации од 12 аеродроми во Британија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *